речник контакт

Сообраќајка кај Стоби, загина неготинчанец

Неготинчанецот Сашко Ристов загина во сообраќајна несреќа која се случи неделата вечер, на мостот на вливот на реката Црна во Вардар.

Петар Печков

Неготинчанецот Сашко Ристов загина во сообраќајна несреќа која се случи неделата вечер, на мостот на вливот на реката Црна во Вардар. Според велешката полиција Ристов ( 41 год) во 19,25 часот со неговиот автомобил голф со бугарски регистарски таблички, од непознати причини излетал од регионалниот пат Велес – Градско.

Тој потоа  со автомобилот удрил во железната конструкција од мостот и од силината излетал низ шофершајбната и  паднал на патот по што починал. Бидејќи стариот пат, каде се случи сообраќајката не е толку фрекфентен, сведоци нема. Единствено чуварот на локалитетот Стоби и рибар раскажуваат дека слушнале два удари и кога дошле на местото на настанот го виделе телото на Ристов и автомобилот.

Истрагата ќе треба да покаже што било причината што Ристов преминал на другата сообраќајна лента и удрил во мостот, по што излетал и починал.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »