речник контакт

Сообраќајка кај Трговски, тешко повредена старица

Повредената задржана на лекување во Велешка Болница

Петар Печков

Во петокот попладне сообраќајка во која е тешко повредена старица. Според МВР сообраќајната незогда се случила во 17.45 часот на крстосницата од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„11-ти Октомври“,во која автомобил  „Фолксваген Пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Ш. (39) од Велес, удрил во пешакот Н.Г. (82) од Велес. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила жената која со возило на итна медицинска помош била пренесена во ЈЗУ-Велес.  По укажаната лекарска помош таа е задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »