речник контакт

Сообраќајка кај Трпезица, тешко повреден возачот на мопед

Поради специфичноста на повредата, лицето е префалено на клиниките во Скопје

Петар Печков

Саботата претпладне кај месноста Трпезица, се случила сообраќајка, во која учествувале, автомобил и мопед. МВР со детали за настанот.

„На 29 октомври  во 08.40 часот било пријавено дека на патот Велес- Дорутовец на место викано “Трпезица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “рено клио“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(59) од с.Дорутовец и мопед “томос“со регистарски ознаки од Свети Николе, управуван  од А.С.(79) од Велес“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Велес. Од таму соопштија дека лицето, поради специфичноста на повредата е пренесено на клиниките во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините на сообраќајката.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »