речник контакт

Сообраќајка кај кавадаречки Манастирец, со тројца повредени

Кај двете лица констатирани се тешки телесни повреди- скршеници

Петар Печков

Утрово во близина на селото Манастирец, на регионалниот пат Кавадарци - Росоман се случила  сообраќајна несреќа во која учествувале две возила.

„Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53 год) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23 год) од Росоман“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

При спасувањето на повредените интервенирале и кавадаречките пожарникари. Трите повредени лица биле пренесени и згрижени  во Општа Болница Кавадарци.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21 год) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци.

„Сите тројца се во стабилна состојба, две лица се со тешки телесни повреди- со скршеници, едниот минал баз скршеници. Задржани се во Болница  на опсервација“ - кажа д-р Мики Мирчев специјалист ортопед од Општа болница Кавадарци.   

Поради сообраќајката, регионалниот пат Кавадарци - Росоман утрово бил затворен за сообраќај до 6,45 до 9 часот. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, која треба да ги истражи причините за сообраќајната несреќа.

 фото ФБ ТППЕ Кавадарци

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »