речник контакт

Сообраќајка кај клучката за Скопје, мотористот со потешки повреди

Во сообраќајката учествувале мотор и автомобил

Петар Печков

Попладнево околу 14,15ч. на клучката за Скопје и Штип, се случи сообраќајна незгода, во која учествуваа мотор и автомобил. Мотористот  А.М. (49 год) од Штип се здобил со скршеници. Според очевидците тој доаѓал од правец на Штип а автомобилот од правец на Велес. 

По дојава екипа на итната помош беше на лице место, имало случај на моторист со повеќе повреди. Згрижен е  дадена му е неопходна помош и пренесен  во Болница - изјави др. Страхил Тодоров портпарол на Итната помош.

Од велешката Болница информираа дека лицето е хоспитализирано.  

На одделението за ортопедија примен е пациент, извршени се неопходните претраги, снимања и констатирани се скршенци на лево стопало и десна шака и повредите се санирани - изјави  д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »