речник контакт

Сообраќајка кај село Голозинци, две деца со повреди на глава префрлени на Клинички во Скопје

Се судриле два патнички автомобили, повредени седум лица

Петар Печков

Околу 18,20ч.  во близина на селото Голозинци, на  локалниот пат Чашка - Лисиче  се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале две патнички возила. Според сведоците во едното возило имало четворица патници а во другото тројца и сите се здобилe со повреди, некои тешки, други лесни. Први на местото на несреќата се упатиле екипи на Итната помош од Велес.

Испратени се две лекарски екипи со две возила. Едната екипа пресретнува возило, со кое се превезуваат четворица повредени и ги презема. Втората екипа се упатуваа до местото каде се случува несреќата и ги презема останатите тројца повредени. Меѓу потешко повредените се две деца со повреди на глава и три возрасни лица. На сите нив им е укажана неопходна помош и се пренесени  до велешката Болница - изјави д-р Васе Пановска, началник на Итната помош од Велес.   

Во велешка Болница  попладнево околу  19 ч. биле примени седум лица, некои со потешки други со полесни повреди.

Двете деца се префрлени на клиниките во Скопје, едното има тешки повреди а второто поради специфичноста на повредите.  На останатите лица се изврши неопходно снимања, претраги и  ќе бидат ноќва  во Болница. Меѓу нив се уште едно, трето   дете и трудница - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Се очекува во текот на утрешниот дена, сабота, и СВР Велес да излезе со информација и детали за сообраќајка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »