речник контакт

Сообраќајка на Штипско џаде со шестмина повредени

Среќа е пaтниците минале со полесни телесни повреди

Петар Печков

Вчера попладне сообраќајка  кај бензинската на Макпетрол  на Штипско џаде,со  шестмина повредени. 

Сообраќајката која се случила во 17,40ч. на  крстосницата од  улицата Димитар Влахов,  Академик Пенчо Давчев  и Р-1312 дошло  кога  според  сведоците во директен судар, се удриле  два автомобили со велешки регистарски таблички, пежо управувано од С. М. (32 год) од  Бузалково и форд ескорд управувано од А. А ( 33 год) од Велес. 

По ударот двајцата возачи и четворицата сопатници се пренесени во Општата Болница во Велес а по давањето на лекарска  помош сопатниците се пуштени  дома, додека возачите се оставени на лекување.  

Од СВР Велес   ја  потврдија информацијата за сообраќајката. Увид на лице  место, по овластување на јавен обвинител извршила  екипа на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »