речник контакт

Сообраќајка на мотор и точак, тројца повредени

Незгодата се случила кај на Јулика бавчите

Петар Печков

Во сообраќајка  помеѓу мотор и велосипед, повредени се три лица. Незгодата  се  случила саботата  вечер, во 20,20час. кај месноста  ,,бавчите на Јулика ,, близу Велес. Повредените биле пренесени во велешката Болница.  

На регионалниот пат  Велес- Градско, кај м.в. „Јулика“ дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл марка „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки управуван од С.Т.(1978) од Велес и велосипед управуван од Т.Н.(1955) од Велес . Во несреќата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот, сопатникот на возраст од 40 години и велосипедистот – информираа од СВР Велес.  

Со возило на итната помош, трите повредени лица се пренесени во Општа Болница,    заради укажување лекарска помош. Дежурниот доктор  Филип Тодоровски информираше дека немале скршеници,  имале полесни повреди и во текот на денот се пуштени на домашно лекување.  Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Велес за да се најдат причините како се случила сообраќајка  помеѓу мотор и велосипед.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »