речник контакт

Сообраќајка на автомобил и мотор, мотористот заврши на Клиника во Скопје

Сообраќајката се случила на улица АСНОМ

Петар Печков

Вчеравечер, вторник  на улицата која води кон Топилницата се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и мотор.

„На 11 јули  околу 20.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од В.А.(31 год) од Велес и мопед, управуван од М.А.(32 год) од Демир Хисар, двете со велешки регистарски ознаки“ - соопшти Оливера Трајкова  од СВР Велес.

Први на местото на сообраќајка пристигнала лекарска екипа од Итната помош.

„Мотористот е згрижен на лице место, дадена е неопходна помош и  префрлен на хирургија од Општа болница Велес“ - кажа д-р Васе Пановска началник на службата за Итна помош

„Вчеравечер е примен пациент од сообраќајна незгода. По извршените претраги и снимања, констатирано е дека има повреда, скршеница на глава и затоа е префрлен на скопските клиники“ - изјави д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »