речник контакт

Сообраќајка на автомобил со мопед

Тракторист од село Клуковец повреден, откако се превртел тракторот

Петар Печков

Саботата попладне се случија два сообраќајки во велешко. Во првата се удрија автомобил и мопед а во втората се преврте трактор  кај село Клуковец. Од МВР инфомираа за двата настани.

На крстосницата од улиците  АСНОМ и Борис Трајковски се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил ,,фиат пунто,, со велешки регистарски таблички управуван од З.Л. ( 55 год) и мопед ,,априлија,, управуван од лице помладо од  18 години.  Возачот на мопедот се здобил со повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница Велес каде се констатирани полесни повреди и е пуштен дома - инфромираа од МВР. 

Увидна екипа на СВР Велес излегла на терен и ќе ги испитува причините за незгодата.  

Жител на село Клуковец  се здобил со скршеници откако се превртел со тракторот и се спасувал од него. Незгодата се случила во  саботата вечер близу  селото Клуковец.

Во 19 часот, на локалниот пат село Клуковец - Велес, близу Горно Оризари се случила сообраќајна незгода  коа се превртел трактот. Возачот .Т. ( 62 год)  од село Клуковец се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот - информираа од МВР: 

По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот со возилото на Брза помош бил итно пренесен во Хирушкото одделение во Велес, каде му е укажана лекарска помош. Констатирана е скршеница на потколеница и е задржан на болничко лекување во велешката болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »