речник контакт

Сообраќајка на влезот од Велес, со петмина повредени

Во директен судар на магистралниот пат Велес – Штип, петмина повредени, сообраќајот во застој беше четири часа.

Петар Печков

Сообраќајката се случила во 14,40 часот помеѓу два автомобила опел астра совелешки регистарски таблички,  на клучката од автопатот Скопје - Гевгелија и магистралниот пат Велес –Штип, инфомираа од СВР Велес.

Во сообраќајката тешко е повреден   П.К.( 44 год) возачот на едниот автомобил кој поради повредите на главата е префрлен во Клинички центар Скопје,  додека неговата  сопатничка е задржана на лекување во велешката болкница. Тука беа згрижени и возачот на вториот автомобил Л.Ш.( 39 год) и две деца,кои по укажувањето на помош се пуштени на домашно лекување,  информираше  дежурниот доктор Љупчо Леов од ЈЗУ Општа Болница Велес.

Според  СВР Велес  до сообраќајката дошло проади непочитување на страна по што едниот од автомобилите удрил во другиот од десната страна а до силината на ударот, двајцата патници во него се потешко повредени.  Поради сообраќајката патувњето на релацијата кон источна Македонија, преку Велес се одвиваше со потешкотии, по споредни селски и земјени патишта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »