речник контакт

Сообраќајка на клучката за Скопје

Двајцата повредени патници се битолчани, и се надвор од животна опасност

Петар Печков

Напладне се случи сообраќајка, на влезот во Велес од правец на Штип, на клучката за Скопје. Автомобил излета од патот а двете лица кои биле во него се повредени и се надвор од животна опасност. 

Околу 12,20 часот на регионалниот пат Велес - Штип, кај Штипска клучка се случила сообраќајна незгода. Автомобил  марка ,,цитроен,, со битолска регистраска табличка се превртел. Двете лица со возило на итната помош биле превезени  во велешката болница -информираше Лиза Бендевска  од МВР. 

Нивните екипи се уште на местото на настанот и засега нема информации за идентитетот на лицата, освен дека биле сопружници а возач бил мажот.

Од ЈЗУ Опша Болница Велес  кажаа дека две лица се препратениз а Скопје иако се надвор од животна опасност.

Кај мажот има повреди на главата, беа на посматрање, не се констатирани скршеници и други сериозни повреди. Но ќе бидат префрлени на клиниките во Скоипје - изјави портпаролот Марина  Андова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »