речник контакт

Сообраќајка на пат кон езеро, со тројца повредени

Повредената е пренесена во Ургентен во Скопје

Петар Печков

Во саботата попадне на пат кон езерото Младост5 се случила сообраќајка во која има три повредени лица, еден тешко и двајца полесно. Според извештајот на МВР, сообраќајката се случила на на регионалниот пат Велес-Езеро Младост, на околу еден км од крстосницата Отовица, околу 15,55 ч.  

Во сообраќајкта учестувале автомобил „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од Велес и ПМВ„Лада Нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.А.(35) од Велес. При сударот со тешки телесни  повреди се здобила  В.О. сопатничка од „Голф“ .

Таа  со возило на Брзата помош е пренесена во велешката Болница, и  по укажаната лекарска помош  поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентен центар Скопје, Повредени биле и  сопатникот од возилото „Лада Нива“ Д.А.(64) и возачот на ,,ауди,, Д.А., кои се здобиле со телесни повреди и се задржани во ЈЗУ-Велес на посматрање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »