речник контакт

Сообраќајка на патот помеѓу Неготино и Кавадарци, еден починат

Во сообраќајката учествувале три возила

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда,  попладнето, на патот Неготино - Кавадарци се случила сообраќајна несреќа, во кој учествувале три автомобили. Еден од учесниците смртно настрадал на лице место.  Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.
„На 27 декември  во 15.50 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, кај место викано „Антени“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.С.(53 год) од село Тимјаник, неготинско, патничко моторно возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(27 год) од Кавадарци и патничко моторно возило ,,сеат&quot“  со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(54 год) од Кавадарци“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Први на помош притекнале екипи на Итната помош од Неготино, ја дале неопходната медицнска нега и повредените ги префрлиле во кавадаречката болница. По несреќата, во болницата во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт кај С.С., а кај П.Ј. биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »