речник контакт

Сообраќајка на пешачки во центар, лицето се здобило со тешки повреди

Настанот се случил на пешачкиот кај нотарите, близу споменикот на Рацин

Петар Печков

Средата претпладне се случи сообраќајка на пешачкиот премин, кај нотарите, во центарот на градот, карши споменикот ан Рацин. Пешакот се здобил со тешки поведи, повеќе скршеници.

„На 2 ноември  во 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес, патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.П.(47 год) од Велес, удрило во Б.Ј.(58 год) од Велес“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Повредниот  ја минувал улицата од кај нотарите кон паркинг, при падот удрил со глава на асфалтот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани од Општата болница во Велес.

„Кај повреденото лице констатирани се повреди на череп, четири скршеници на ребра, поради што е здржан на болничко лекување“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова. 

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »