речник контакт

Сообраќајка на ул. Благој Ѓорев, еден повреден, згрижен е во болница

Дошол до судир на два патнички автомобили, нисан и голф

Петар Печков


Ноќеска сообраќајка во Велес, на ул. Благој Ѓорев. Возачот  на едното возило е пренесен во болница и таму останал на лекување.

На 23 мај, петок, во 23.30 часот било пријавено дека во Велес на ул.“Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ц.Л.(32 год) од Велес, и патничко моторно возило “голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(29 год) од Велес“ - соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините з  сообраќајката.

Повредениот С.С. бил примен на ортопедија при Општа Болница Велес, каде биле констатирани повреди, но не и скршеници, но останал згрижен на лекување.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »