речник контакт

Сообраќајка на ѓубриште, со четворица повредени

Во директен судар учествувале два автомобила марка ,,опел астра,,

Петар Печков

Утрово околу 7 часот, кај велешката депонија се случи сообраќајна незгода, во која учествуваа два автомобили а се повредени четири лица. До несреќата дошло кога автомобилот кој доаѓал од правец на Штип, удрил во автомобилот кој патувал кон Штип и возел по средната лента за престигнување.  

Hа Регионалниот пат Велес-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки. Едното возило било управувано од Ј.Б.(22) од Скопје, во истото сопатници биле Б.З.(21) и М.З.(22) двајцата од Скопје, додека другото возило било управувано од И.С.(41) од Лозово.  Во незгодата со повреди се здобиле сите лица, на кои им е дадена прва помош и  со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општа Болница Велес - пишува во информацијата на СВР Велес. 

Портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес, Марина Андова информираше дека утрово биле примени чеитри пациенети. Биле извршени претраги, рентген снимања кои не покажале потешки повреди и скршеници. Но во текот на денот ќе останат на опсервација на хируршкото оддление. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »