речник контакт

Сообраќајка по крстосницата кај Мамутчево со тројца починати и двајца тешко повредени

Во сообраќајката учествувале два автомобили голф, еден велешки друг од Крива Паланка

Петар Печков

Саботата вечер  година околу 19,45 часот на регионалниот пат Велес – Штип, по крстосницата  за Мамутчево и  место викано „Црна Точка“, во  сообраќајна незгода  има тројца починати и двајца тешко повредени. До сообраќајте дошло  помеѓу два автомобили ,,голф,,.

Во сообраќајната  незгода учествувале  автомобил Голф 4 со регистарски  број ВЕ 0276 АБ и автомобил Голф  со регистарски број КУ 804 МЈ. Во голфот со кумановски таблици биле четворица лица од кои еден маж, две жени и едно дете. На лице место починал мажот и една жена додека другата жена е префрлена во Општа Болница Велес каде и починала , а детето и возачот од другиот автомобил се префрлен во Ургентен центар –Скопје – информираа од МВР.

Според полицијата во патничко моторно возило „Голф 4“ со велешки регистарски таблици управувал од П.Ѓ.(41) од Велес а  со  патничко моторно возило „Голф“’ со кумановски регистарски таблици управувал од С.С. (45) од Крива Паланка.

Во незгодата на самото место починале возачот С.С. и сопатничката од истото возило Б.С. (55) од Крива Паланка додека другата сопатничка од истото возило Д.Ј. (32) од Велес била пренесена во Општа Болница - Велес каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Тригодишно девојче како и возачот од другото возило П.Ѓ. со здобиени тешки телесни повреди о биле пренесени во Ургентен центар–Скопје.

Сообраќајот  шест часа, од 20,15 до 2 часот на 02.07.2017 година бил во прекин во двата правци. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Свети Николе.  Се работи на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »