речник контакт

Сообраќајка помеѓу два камиони, по неа возачот физички го нападнал колегата

Инцидентот се случил на регионалниот пат Градско - Прилеп

Петар Печков

Понеделникот навечер, по случена сообраќајка, на два камиони, едниот од возачите, физички го нападнал колегата.

„На 27 март   во 21.35 часот во ОВР Кавадарци, Х.Н (52 год) од Градско пријавил дека на регионалниот пат Градско - Прилеп, поточно во близина на бензинска пумпа, по случена сообраќајна незгода помеѓу две товарни возила, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од П.И (47 год) од Кавадарци“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВЕ Велес.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »