речник контакт

Сообраќајка пред БОС, мотористот префрлен на Ургентен во Скопје

Во сообраќајката учествувале автомобил и мотор, а мотористот се здобил со тешки поведи

Петар Печков

Вчеравечер, вторник, спроти стоковна куќа „Бос“ се случила сообраќајка, во која учествувале автомобил и мотор, а мотористот се здобил со тешки поведи, поради што е префрлен на Ургентен во Скопје. СВР Велес со информации за сообраќајката.


На 29т- септември,  во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“ управуван од Д.З.(32) од Велес - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Прва на помош дошла екипа на  Итната помош.

Повредениот мотоциклист во моментот на прегледот беше свесен и контактибилен. Се жалеше на болка во главата. Има видливи повреди на десната страна на челото. Тој е имобилизиран и транспортиран во велешката болница за монатамошно иследување -изјави  др. Васе Пановска  портпарол на Здравствен дом Велес.

Од велешката Болница соопштија дека вчеравечер примиле пациент, учесник во сообраќајна несреќа.

Кај повредниот има фрактура на коски на лице, на чере4п и поради специфичноста на повредите е префрлен на Ургентен во Скопје - кажа д-р. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »