речник контакт

Сообраќајка пред тунелите кај Башино село, со еден починат

Со тешки телесни повреди се здобиле и две девојки

Петар Печков

Ноќеска се случи сообраќајна несреќа, во која има едно лице починато,  Стојанче Наумов (30 год). Сообраќајка се случила пред полноќ после наплатната рампа Сопот, пред тунелите кај Башино село, кога автомобил со три лица излетал од автопат .  

„Починато е едно машко лице, родено 1992 година, констатирана смрт на лице место,  а две девојки родени 2003 и 2006, се со повреди на глава  и потколеници.  Дадена прва помош, згрижени  и префрлени во Општа болница Велес“ - соопшти д-р Василка Пановска, началник на службата на Итна помош.

„По полноќ примени се две пациентки со тешки телесни повреди, скршеници, од нив едната е префрлена на Клинички центар во Скопје“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

Сообраќајка ја потврдија од Центарот за управување со кризи, со дополнение дека интервенирала и против пожарната единица од Велес.

„Побарана е помош од нас, заради вадење на три лица од автомобил паднат во провалија, близу Вардар. Лицата се извадени од автомобилот и предадени на  служба за Итна помош“ - кажа Димче  Јованов командир на вод во ТППЕ Велес.

Местото каде излетал автомобилот е истото каде пред три години излета Борче Мирчевски, кој работеше со олдтајмери и смртно настрада. Од ОЈО Велес соопштија дека телото на починатото момче е предадено на обдукција.  

Во јавноста со писмено соопштение се јавија и од МВР.

„На 10 мај  околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н. (30 год) од Велес, излетало од коловозот“ - соопштија од МВР.

Во автомобилот биле и  Б.П.(19 год) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »