речник контакт

Сообраќајка со крава, еден починат

Скопјанка почина откако вечера попладне автомобилот во кој била удрил во крава која се шетала по автопат

Петар Печков

Скопјанка загина во сообраќајка, откако автомобилот во кој била удрил, во крава која се движела по автопат.  Алмина М. ( 36 год) трагично го загуби животот вчера попладне околу 16,30 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на приклучокот од Штип, откако  автомобилот рено лагуна управувано од сопругот на починатата Е.М.( 35 години) удрил во крава која ја минувала коловозната лента.

Веднаш потоа во нив  од задна страна удира и форд мондео, управуван од З.Е. ( 45 год). Во незгодата сите четворица патници од рено лагуна се повредени. Според дежурниот лекар од велешката Болница Влатко Вишинов пациентката починала на самото место и во  ова здравствена установа била донесена мртва, додека сопругот и двете малолетни деца минале со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

За причините за смртта на Алмина М. ќе се дознае по обдукцијата која е извршена по наредба на истражен судија и јавен обвинител.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »