речник контакт

Сообраќајка со починат на влезот во Сирково

Загина возачот Благој Давчев (22 год)

Петар Печков

 Возачот Благој Давчев ( 22 год)  од село Сирково им подлегнал на повредите, по сообраќајката која ја предизвикал во  неделата вечер. Тој со уште двајда другари се враќале за дома, кон Сирково, кога од непознати причини излетал од патот и удрил во жардинерата на бензинската пумпа.  

Според полицијата несреќата се случила во 21.40 часот,  на магистралниот пат Градско - Сирково, кога автомобил марка „БМВ“ со кавадаречки регистерски ознаки, удрил во бетонска ограда жардињера. Сообраќајката се случила на крстосницата кон село Сирково, пред бензинската пумпа ,,Црна река Петрол,,.  Во автомобилто имало три млади лица, возачот Давчев и двајца негови другари на возраст од 17 и 20 години.

Сите тројца имале тешки повреди, поради што веднаш биле префрлени во Ургентен Центар во Скопје.  Поради тежината на повредите, во Клинички починал возачот Давчев.   Увид на местото извршил обвинител од Кавадарци и увидна екипа на ПС Кавадарци.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »