Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2025
Сообраќајката која се случи на 16 октомври 2024, пред тунелот Катланово, на делницата од автопатот Скопје- Велес, во која загинаа тројца велешани, ОЈО Скопје ја пренело да ја рааботи ОЈО Велес. Имало отворено истрага против едно лице возачот О.Д., кому му е одземен пасошот и возачката дозвола.
„Предметот во кој Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истрага против едно лице е префрлен на надлежно постапување во ОЈО Велес. Велешкото обвинителство во рамките на истражната постапка предложи мерки на претпазливост за осомничениот - одземање на патна исправа и на возачка дозвола. Дадена е наредба за машинско вештачење на возилото, како и наредба до Институтот за судска медицина по кои се постапува. Закажан е распит и на осомниченото лице, по што ќе биде донесена одлука“- соопштија од Јавното обвинителство на Северна Македонија.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починаа сопатниците А.Н.(37 год), Ј.А.(47 год) и Д.Ц.(66 год), сите од Велес.
Со возилото марка форд транзит со скопски регистарски ознаки, беше управувано од О.Д.(32 год) од Велес. Со тешки телесни повреди се здобија возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59 год), В.З.(67 год). сите од Велес. Токму поради последиците од тешките повреди, на осомничениот О.Д. му е изречена мерка одземање на патната исправа.
Tweet |