речник контакт

Сообраќајна незгода во Росоман, еден од автомобилите учесници е полициско возило

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле двајцата возачи

Петар Печков

Неделата напладне во Росоман се случила сообраќајна незгода, во која еден од учесниците  е автомобил - полицско возило. Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле двајцата возачи.


„На 8-ми август  во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на патниот правец Градско – Прилеп, на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и „Пролетерска“ во с.Росоман  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на ОВР Прилеп и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од  Ц.Б.(45)  од с.Уланци, општина Градско“ - соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, полициска службеничка од возилото „шкода јети“ и сопаникот во возилото „пасат“, И.К.(54) од Виничани.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »