речник контакт

Сообраќајна некултура

Советниците бараат сообраќајната полиција да воведе ред кај возачите, кој автомобилите ги оставаат на колозовната лента, додека тие го завршат ,,домашното,,

Петар Печков

Фотографијата направена денес напладне, најдобро ја илустрира сообраќајната некултура кај поголем дел од велешките возачи.

Овој шофер, без ни малку одговорност неговиот авгомобил го остави паркиран пред рампата, на железничката пруга Велес - Гевгелија. Откако минувачите му сугерираа, дека тоа не е место за паркирање, тој го заклучи возилото и си замина. Овој е еден од бројните лоши примери, на сообраќајна некултура во Велес.

На последната седница и советнциите реагираа за ваквата состојба, која е посебно болна на еднонасочната улица Благој Ѓорев и  на Маршал Тито.

Сведоци сме сите дека често се случува левата коловозна лента од еднонасочната улица Благој Ѓорев да биде зафатена од оставен автомобил, додкеа  возачот оди на муабет во некоја од продавниците. Барам сообраќајната полиција да реагира, бидејќи оваа појава е секојдневица и може да резултира со несакан настан - рече Златко Панчевски советник во општина Велес.

Како пример беа посочени и бројните такви случаи на улица Маршал Тито од Коњот до Градскиот Саат. Таму  иако има една лента паркирани возила, од спротивната се оставаат автомобили, додека сопствениците одат да платат сметка во некоја од банките или да купат нешто од блиските продавници.

Вакатва појава е присутна со години, но не се презема ништо сообраќајната некултура да се санкционира, тврдат граѓаните и бараат сообраќајната полиција да реагира често па так би се спречиле овие појави.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »