речник контакт

Сообраќајната полиција во контрола на мотористите, граѓаните бараат да се контролира бучавата која моторите ја предизвикуваат

Вчера биле изречени 16 се за управување без возачка дозвола 23 за управување без заштитен шлем

Петар Печков

Петокот, сообраќајната полиција контролирала, колку мотористите ги почитуваат сообраќајните пропис, додека возат по улиците низ Велес.

„На 18-ти јуни СВР Велес спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При тоа се изречени вкупно 52 мерки, од кои 43 по акциската контрола и 9 за останати прекршоци. Меѓу нив, 16  се за управување без возачка дозвола, 23 за управување без заштитен шлем а 21 мотоциклист биле исклучени од сообраќај“ - соопштија од МВР.

И додека со месеци, но и години наназад и сообраќајната полицај соопштува колку мотористите не ги почитуваат сообраќајните прописи, најмногу  за не носење заштитен шлем,  жителите на главните градски улици  бараат контрола на бучавата која ја предизвикуваат.   


„Со години бараме да се спроведе контрола на бучавата а која ја предизвикуваат мотористите, со засилување на нивните мотоцикли. Досега се нема таква акција случено. За тие што сметаат дека тоа и не е голем прекршок, можат мотористите да отидат под нивните домови и неколку минути да го слушаат тој звук, па дали тогаш ќе оправдуваат“ - вели велешанец  кој живее на улицата Благој Ѓорев.

Освен на неа, таква мака, со високата бучава, имаат и жителите од улиците 8-ми Септември, Димитар Влахов, Борис Трајковски, Гоце Делчев, Илинденска.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »