речник контакт

Сообраќајната полиција казнила 27 мотористи

Освен кај мотористите, биле констатирани и 18 прекршоци кај другите учесници во сообраќајот

Петар Печков

Во Велес кај 27 мотористи констатирани се сообраќајни прекршоци, по различни основи, соопшти МВР. Контролата траела седум часа, петокот вечер до саботата ноќта.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18 часот на 18.09. до 3 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци.  Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »