речник контакт

Сообраќајната полиција контролирала дали пешаците ги почитуваат сообраќајните прописи

Во однос на Кавадарци и Неготино, далеку повеќе прекршоци на пешаците во Велес

Петар Печков

Вторникот претпладне сообраќајната полиција контролирала, дали пешаците ги почитуваат сообраќајните правила. Се однесува дали ја минуваат улицата на пешачки, или на зелено светло од семафорот. При контролата било констатирано дека има граѓани кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Тие не се казнети, туку само писмено опоменати.


На 02 февруари  година во времето од 8 до 12  часот на подрачјето на СВР Велес  спроведена е акциска контрола на пешаци кои прават прекршоци во сообраќајот, при што, се регистрирани 38 прекршоци, од кои 21 во Велес, шест во Кавадарци и 11 од Неготино. Сите прекршители се писмено опоменати - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВ Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »