речник контакт

Сообраќајот на автопатот Велес - Катланово денес нормализиран

Струjата дојде до Богомила, но е и во Ореше, Папрадиште, Нежилово

Петар Печков

Автопатот Велес - Катланово од вчеравечер  после 22 часот е прооден, соопштија од Центарот за управување со кризи. Сообраќајот на оваа делница од автопатот Велес - Скопје беше во прекин три и пол час, поради тоа што на лизгавиот пат, се превртел камион. Имаше и голем број на возила, заглавени на преминот Кула. 

Во тој периодот сообраќајот, поточно возила беа пренасочувани преку Свети Николе. Од денес од 13,30 часот пуштен за сообраќај е и патот за село Иванковци, а од утрово и кон Подлес.  

Отстранет е дефектот за електро снабдувањето за Богомила, но жителите на Ореше, Папрадиште, Бистрица,Нежилово,  домот на Чеплес,  уште се без струја. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »