речник контакт

Сопрена изградбата на кеј на реката Вардар, градоначалникот реагира дека документацијата е комплетна, инспекциите велат недостигаат две дозволи

По само еден ден градежни работи, сопре изградбата на кеј од десната страна на реката Вардар

Петар Печков

По само еден ден градежни работи, сопре изградбата на кеј од десната страна на реката Вардар. Откако на почетокот на месец ноември, се отстрани зеленилото на островот среде река и се најави расчитување на земјата, градежните работи престанаа.  Градоначалникот Марко Колев во ова виде наменска пречка за стопирање на проектот.

„Почнавме да го градиме кејот, но за жал преку инспекциите на Министерството за животна средина веднаш го  „закочија“,  кога го заградивме просторот, стасаа уште првиот ден. Можеше да се продолжат работите, наспроти тоа што се бара од нас, во интерес на проектот. Правиме се да  продолжат аактивностите. Откако по барање на граѓаните се исчисти текот на реката Вардар,помеѓу двата моста, имавме одличен одѕив во јавноста и поддршка, оти се чекаше со години, веднаш дојдоа инспекциите. Очигледно дека на некому му пречи мојата работа. Има одобрение за градба. Умислата беше да се стопира“ - кажа градоначалникот Колев.    

Градежниците подолго време посочуваа  дека со изградбата само на една страна од кејот на реката Вардар од левата, нејзиниот тек се насочува кон другата, неизградена десна страна, со што се  менува текот на водата,  се нарушува безбедноста на таа страна. На тој начин и се создаде овој остров обраснат во дрвја и зеленило, за кој граѓаните реагираа со години, бидејќи беше грда слика на центарот на градот.  

Уредувањето на десната страна од реката Вардар со изградба на кеј, е со средства  од проект на ЕУ за меѓу гранична соработка со Грција, во вредност од половина милион евра. Рокот на завршување е месец јуни следната година. 

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека по реакција на граѓани извршиле вонреден инспекциски надзор на 4 ноември, при што биле констатирани два прекршоци, согласно Законот за води.

„За отпочнување на работите  Општина Велес, нема обезбедено водостопанска согласност. До  нејзиното издавање од надлежно министерство, привремено се забранува понатамошно работење во речно корито.  Од досега  обезбедената  документација потребно е да се достави барање до Министерство за животна средина, за дозвола за уредување и чистење на наносен речен материјал од речно корито. Привремена забрана трае до обезбедување на водостопанска согласност  според член 174 и 142 од Закон за води“ - соопштија од  Државен инспекторат за животна средина

Проблем се јави и со уште еден проект финансира од ЕУ, кој е вреден 24 милиони евра, изградба на Пречистителна станица за отпадни води од подрачјето на градот Велес.  Локацијата каде таа треба да се гради, под вливот на река Бабуна во Вардар, Министерството за земјоделие ја продало за  нови насади лозје, па сега се бара нова локација.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »