речник контакт

Сопрена одлуката за пренесување на Хотелот во Горно Врановци на општина Чашка!!!

Ова е решение на Државниот инспекторат за локална самоуправа, со што се запира најавената продажба за в понеделник.Од Чашка најавуваат дека нема да го почитуваат решението на инспекторатот, лицитација ќе има

Петар Печков

Стопирана е одлуката на пренесување на Хотелот во Горно Врановци од општина Велес на општина Чашка. Ова е решение на Државниот инспекторат за локална самоуправа, објавено на нивната веб страница. Тоа е донесен по реакцијата на СДСМ - Велес, а по извршениот надзор на законитоста на одлука на Советот на општина Велес кој го подари Хотелот во Горно Врановци на општина Чашка. Инспекторат констатирал две неправилности во постапката.

Со Законот за локална самоуправа предвидува отуѓување само по пат на јавно наддавање, не подарување  и дека  точката на дневен ред прво е повлечена па потоа истата е ставена како итна, што е спротивно со Деловникот на работа на општина Велес. Поради ова Државниот инспекторат за локална самоуправа констатира дека  донесената одлука за подарување на Хотелот во Горно Врановци е незаконска и спротивна на законот, па не може да произведе правни дејствија, па истата се запира.

Поради ова ќе се поведе постапки и пред Уставниот суд на република Македонија за оценување на законитоста на донесената одлука, најавуваат од ДИЛС. Со ова е стопирана најавената лицитација, која општина Чашка ја закажа за в понеделник, кога хотелот требаше да се продаде за почетна цена од 29,7 милиони денари. Ваквата одлука која е донесена од директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански не е обврзувачка за градоначалникот на општина Чашка, кој најави дека лицитацијата ќе се одржи.

 

Тие што направиле грешка во постапката нека одговараат, ние немаме ништо со тоа. Затоа постапката продолжува и понеделник објектот ќе се продава. Има проблем во процедурата, не и во давањето на хотелот во наша сопственост – изјави Горан Пановски градоначалник на општина Чашка. За објектот имало заинтересирано инвеститори од Анкара и Измир Турција. За Хотелот општина Велес долги години водеше борба да го добие во сопственост за само по три дена откако тоа се случи, го подари на општина Чашка, без образложение.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »