речник контакт

Сопруг крвнички ја претепал жената

Таа завршила во болница, тој со две кривични пријави

Петар Печков

Вторникот претпладне регистриран е  сериозен случај на семејно насилство во Велес, сопругот крвнички ја претепал сопругата. Поради повредите здобиени од  ударите, жената е згрижена во велешката Болница.  

Велешката полиција го потврди настанот и дополни дека против сторителот поднела две кривични пријави  за насилство и  за  нанесување на повреди со опасно орудие. Од соседите на фамилијата се дознава  дека прво имало жестока семејна расправија, кавга меѓу мажот и жената, по што нервозниот сопруг прво со кујнски нож а потоа и со гасен пиштол ја нападнал жена си.  

Поради бројноста и тежината на повредите жената била пренесена во велешката болница, каде е згрижена. Полицијата го сослушала насилникот, против него ги поднела двете кривични пријави и тој е пуштен дома.  Во првите шест месеци годинава имало шест случаи на семејно насилство, што е за два повеќе отколку лани во истиот период.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »