речник контакт

Сопругата починала откако го спасувала мажот од под трактор

Мажот преживеа, жената почина

Петар Печков

Сопругата починала во обид да го спаси мажот, кого тракторот го прегазил, мажот се спасил жената починала.  Оваа несреќа се случи понеделникот претпалдне во 8,15ч. во  Демир Капија, на улица  Партизанска. Катерина Андонова  (68 год) од Демир Капија смртно настрада од повредите здобиени откако ја прегазил трактор, инфомираа од МВР.

 До несреќниот случај дошло кога   паркираниот  трактор марка ИМТ 539 се придвижил,  при што Л.А. (70 год) бил зафатен со задното десно тркало од тракторот, кое го завлекло, по што  тој  паднал на земја и се здобил со телесни повреди. Очевидец била   неговата сопруга Катерина,  која сакала да му укаже помош, но  тракторот се уште бил во движење и таа била зафатена од задното десно тркало.

Сосед  кој бил во близина им пружил помош на двајцата сопружници   и веднаш повикал  итна помош од Неготино. Катерина Андонова на пат кон Ургентен центар Скопје им подлегнала на повредите.  Увид на лице место извршил Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ПС Неготино.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »