речник контакт

Сопственик на кабелска, нелегално емитувал тв сигнал

Велешанецот незаконски реемитувал програма од повеќе телевизиски канали

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.А.(35) од Велес, сопственик на „Империја Сат“- Велес за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сигнал“. На 03.10.2012 година, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Советот за радиодифузија и Координативното тело при Владата на РМ, извршен е увид во деловните простории на „Империја Сат“.

При контролата е констатирано дека пријавениот поставил опрема за прием на сателитски дистрибуиран заштитен и незаштитен сигнал и со посебна технологија го пробил техички посебно заштитениот сигнал, по што без да поседува одобрение од овластениот дистрибутер во девет случаи незаконски реемитувал програма од повеќе телевизиски канали.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »