речник контакт

Соработка на ОУ од Горно Оризари со германско училиште од Фрајбург

Учениците заеднички работат на проектот ,,Еден ден во семејството,,

Петар Печков

 Учениците од ОУ  Рајко Жинзифов  од Горно Оризари  започнаа заеднички проект  со нивните врсници од училиште од Фрајбург Германија.

Проектот е насловен ,,Еден ден во семејството,, и започнат е да се реализира од ноември минатата година. Активностите на учениците опфаќаат изработка на новогодишни честитки, цртање на стрип моето семејство и други настани кои се во проектот.  

До соработката е дојдено по престојот на професорката Тања Николова  на семинар во Фрајбург и остварениот контакт со професорката од тамошното училиште  Карен Алст.

Заедничкиот проект завршува овој месец, кога учениците пред нивните родители ќе го покажат сработеното, преку презентација  на се што овие четири месеци учениците од ОУ Рајко  Жинзифов   изработија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »