речник контакт

Соседските крави му го уништиле посевот, за што доби обештетување

Селанец ги тужеше соседите кои на нивата му пуштиле стока и му ги уништиле посевите за што доби обештетување.

Петар Печков

 Шестмина селани на велешкото село Бањица треба да му платат 30 илјади денари штета на Н.Н.  нивен соселанец бидејќи  кравите му ја испаселе нивата. Тужените  се сопственици на крупен добиток, крави кои на  22 јуни 2010-тата година влегле во нивата сопственост на Н.Н. со површина од 17 хектари, која тој ја обработувал и ја изгазиле..

Бидејќи таа била посеана со пченица  со ова му причинеле штета уништувајќи му го целокупниот годишен род. Затоа бара, и од судот доби, од соселаните, сопствениците на крави,  солидарно да му исплатат сума во износ од 30 илјади  денари на име надомест на штета, со камата за изминатиот период.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »