речник контакт

Состојбата на Градски базен е мошне лоша и опасна по посетителите

Стручњаци од Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија извршија увид и констатираа сериозни проблеми

Петар Печков

Денес на Градскиот базен  престојуваше делагација  од стручни лица  при Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија  од Скопје (ИЗИС). Тие беа  по покана од  општина Велес и требаше да  извршат увид во  состојбите а во пресрет на летната сезона за негово користење. Гостите извршија  увид во сувите комори, комори  кои се околу самата конструкција на базенот, каде  има цевки и празен простор. Нивните констатации се  поразителни и не  носат добри вести за иднината на овој рекреативен објект.   

Бетонските  покривни плочи се во многу  лоша состојба.   Таа средина, која ја викаме агресивна средина,  каде  има испарувања од водата, има хлор , па состојбата на арматурата и самиот бетон е  во мошне лоша.  Затоа на надлежните во локалната власт ќе им препорачаме, да имаат сериозен пристап  и да се направи целосна санација. Во ваква состојба како што е, базенот е  во загрижувачка состојба  и може да има несакани последици. Бетонот и арматурата се  во  мошне, лоша состојба - изјави за ТрМр проф Влатко  Шешов, директор на   ИЗИС, кој беше на увид   со  негови  колеги.

Локалната власт најави дека поради неплаќањсе на наемот во период од последните  три години ќе го раскинат договорот со корисникот. Но дополнија дека за да го дадат на користење за летово, ќе биде потребна  оценка од стручни лица, бидејќи  првичните согледувања биле дека таму има сериозни нарушувања на системот.  За следните чекори, дали и кога ќе се се врши санација, ќе одговорат од локалната власт.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »