речник контакт

Состојбата со ковид-19 во Велес е алармантна, поголемиот дел од новите случаи не знаат од кого го добиле вирусот

Позитивни се две велешанки родилки на ГАК Скопје. Позитивни има три медицински сестри од Инфективно, четворица вработени во ЈКП Дервен, двајца од Здравен дом. Коцевски ги повика граѓаните да носат заштитни маски и да не се групират

Петар Печков

Состојбата со ковид-19 во Велес е алармантна, вака ја започна денешната прес конференција градоначалникот Коцески, откако бројката на активни случаи во велешко ја надмина бројката сто, до пладне беа 110. За две седмици, за 14 дена во велешко  има регистрирано 110 ново заразени лица со корона вирусот.

Вирусот ковид-19 во велешко е широко распространет и голем дел од лицата кои се позитивни не можат да кажат од кого се заразиле, дел  се од патувањето до работа,  дел од работното место, но најголем број не можат да утврдат од каде се заразиле - кажа Коцевски, откако претходно седница одржал Кризниот штаб.    

Во текот на денот до пладне во велешко имаше регистрирано осум нови случаи на лица позитивни на ковид-19. Денес досега има и тројца оздравени. Меѓу ново заразените се и две велешанки, родилки  на ГАК, но нема информации дали и новороденчињата се позитивни.

Ги повикувам граѓаните да и почитуваат препораките за заштита, на Комисијата  за заразни болести,  на Министерството за здравство, на министерот Филипче и на Владата. Да се носат заштитни маски, да избегнуваат блиски контакти, да држат пропишано растојание. Ова е со една цел, да се заштита себе си, своето семејство, најблиските но и сите граѓани.  Најважни ни се здравствените работници, бидејќи џабе ни се болнички кревети, ако нема здрав здравствен персонал кој ќе ни укаже помош - рече Коцевски.  
Од вкупниот број активни случаи 79 пациенти се дома, 19 на инфективно одделение, 2 Инфективна клиника, двајца на  ГОБ 8-ми Септември, едно е на ОРЛ, три се во приватни клиники

На Инфективното одделение 24 се од Велес, шест од Свети Николе, две од Градско, еден Неготино и двајца од  Демир Капија.

Што се однесува до активните случаи, од Болницата има  позитивни три медицински  сестри од Инфективно, еден од анестезиолошка служба, еден од администрација,  од Здравствениот дом има две лица, кои се досега заразени.  Во  ЈКП Дервен има четири случаи,  двајца во комунална хигиена и  двајца во водовод и канализација. Нема позитивен случај со ковид-19 на просветен работник од образованието, ниту   воспитувач или негувателка од градинките - дополни Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »