речник контакт

Состојбата со ковид-19 во Велес е средно тешка, посериозна од претходно, оцениле здравствените работници

Градоначалникот Коцевски ги потсети граѓаните дека доаѓа нов бран и треба да се почитуваат мерките за заштита

Петар Печков

Во велешко, како и во Македонија деновиве се зголемува бројот на лица позитивни на ковид-19. Но повеќето случаи се од лица кои работа во други соседни градови, во фабрики во Скопје и Кавадарци.  Или корона вирусот го добиле од член од семејството, повеќето се помлади лица

Состојбата во велешко со ковид-19  е средно тешка, не е алармантна, но посериозна од претходно. Поголемиот број од случаите се со лесна клиничка слика, и повеќето се на домашно лекување. Загрижува податокот што се повеќе млади лица се заразени со ковид-19, нема кластери.    Сограѓаните ги потсетувам на мерките, да држат растојание, да носат заштитни маски, да не се групираат за да придонесеме за чување на личното и колективно здравје. Иде нов бран и треба да бидеме повнимателни во наредниот период. Во Велес според СВР Велес и Државниот Пазарен инспекторат, нема проблеми со угостителските објекти, има проблеми со групирање на малолетници и не носење на заштитни маски од нивна страна - соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »