речник контакт

Сојузот за иднината во Велес почна да се ситни

Советничката на ВМРО-НП премина во владејачката коалиција

Петар Печков

Рајна Стојанова која како советничка од ВМРО-НП беше  избрана  во Советот на општина Велес, премина од коалицијата  ,,Сојузот за иднината,, во коалицијата ,,За подобра Македонија,,. Таа на конститутивната седница, ги напушти колегите од листата  каде беше  изгласана, а седеше  заедно со мнозинството советници. Оваа одлука таа ја оправда со желбата за подбора работа на велешкиот Совет.  

Сметам дека со моето преминување кон мнозинството, Советот ќе има поефикасна и подобра работа а пред се во интерес на граѓаните и гласачите  - рече Стојанова.  Таа изминатиот изборен период на прес конференциите одржани од ,,Сојузот за иднината,,  ја критикуваше власта за нејзината работа, за сега и таа да биде дел од неа.

Така Советот на Општина Велес сега има13 советника од коалицијата ,,За подобра Македонија,, и 10 од ,,Сојузот за иднината,, . Оваа постапка ја изненади опозицијата.

Немам никаков коментар бидејќи не сум контактирал со неа и ниту јас не знаев за нејзината одлука – изјави  Благој Коларов од координаторот на СДСМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »