речник контакт

Сојузот на пензионери во Велес користи енергетско ефикасно греење

Поставени се четири инвертори, кои служат за затоплување на салите за активности и работните простории со корисна површина од 300 м2

Петар Печков

Од централно греење,каде се користеше нафта, работни простории и салите за активности во Пензионерскиот дом во Велес, се греат на енергетски ефикасни инвертери.  Набавени се четири тела за што заедно со работа рака се инвестирани стотина илјади денари.  

За да не загадуваме, а во зградата живеат стари лица, се одлучивме да го смениме греењето. Прејдовме на еколошко затоплување, инвертори.  Поставени се во големата сала, во канцелариите, како и во малата работна сала. Тоа вкупно  300  м2 кои се затоплуваат еколошки - информираше Веле Алексовски претседател на Сојузот на пензионери на Велес. 

Додаде дека само четири од 24 стана во зградата, каде се сместени пензионери,  се загреваат на огревно дрво, другите на електрична енергија. 

Неодамна Сојузот на пензионери од Велес  во село Теово  изградил Дом за пензионери.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »