речник контакт

Соња Карбева ја промовираше збирката поезија „Меѓу копнежот и сонот“

Книгата е поделена во два циклуса, првиот е потрага по спокојот а вториот е потрага по себеси

Петар Печков

Роднокрајната поетеса Соња Карбева, ја промовираше нејзината прва книга, стихозбирката „Меѓу копнежот и сонот“. Авторката инспирацијата за книгата ја црпела од секојдневието.

 „Творев мотивирана од  мојот личен, емоционален живот.Од сето тоа што во одреден период подеднакво ме вознемируваше, но и подеднакво ме охрабруваше да пронајдеме начин, излез, да премостам момент на емоционална болка. Токму затоа книгата е поделена  во два циклуса.Првиот е потрага по спокојот а вториот е потрага по себеси. Пишував од моите детски години, па во средношпколсие и студенски денови, по што замре имајќи ги бројните обврски и на работа и како мајка. Но сега се најде моментот, кога имам доволно време за себе и поезијата и  моето творештво да биде објавено во книга“- кажа авторката Карбева.

Промотори беа  Виолета Танчева-Златева и Десанка Николова. Книгата е  издадена од издавачката куќа ЗБОР.

„Соња Карбева ми е другарка едно 37-38 години, повеќето од песните ги читав во процесот нз создавање и потоа. Кога ја добив целата стихозбирака, со нетпрение ја исчитав оти се знаеме од студенските денови и оттогаш таа го носи тој порив на пишување. Меѓутоа и требаше многу години да се осмели да ја објави книгата. Тој што ја знае Соња добро, како човек, може сосема лесно  да ја открие преку стиховите во книгата. Соња како човек е топла душа, искрена и тоа се гледа и чита во стиховите. Таа отворено пишува за сите болки, чувства. Таа ни нуди утеха кога се соочуваем со лична згуба“ – кажа Танчева Златева.

Велешанката Карбева е професорка по македонски јазик во Гимназијата Кочо Рацин.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »