речник контакт

Специјализираната болница „Јасеново“ работи само со тројца доктори специјалисти, барањата за нови вработувања министерството за финансии не ги одобрува

Тие работат амбулантски, дежураат, се грижат за стотиците пациенти, кои неделно доаѓаат во болницата, за хоспитализираните

Петар Печков

Специјалната  болница за белодробни заболување „Јасеново“  се судрува со недостиг на лекари. Таму  работат  само тројца  доктори специјалисти, иако  имаше и по шест и повеќе. 

Тие работат амбулантски, дежураат, се грижат за стотиците пациенти, кои неделно доаѓаат во болницата, за хоспитализираните.

Од болницата објаснуваат дека и покрај зголемениот обем на работа по доктор, тие успеваат да ја дадат потребната здравствена грижа.  Годинава барале  согласност за нови вработувања но не добиле.

„Сите пациенти кои се упатени на лекување во болница Јасеново било да е амбулантско или болничко лекување се прифатени и секој што е уредно упатен не е одбиен. Работата се одвива со мали потешкотии но се успева да бидат услужени сите пациенти. Сите термини се реализираат било да се двајца или тројца лекари на работа. Во 2022 година имаме побарано за нови вработувања од Министерство за здравство и Министерство за финансии.  Во  два наврати  од  Министерство за здравство ни одговорија  позитивно, додека Министерство за финансии два пати не одбива“- велат од Специјалната  болница за белодробни заболување „Јасеново“.

Во болницата  „Јасеново“ како специјализирана за белодробни заболување, се лекуваат пациенти  не само од Велес, туку од Источна Македонија, Повардарјето.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »