речник контакт

Спомен куќите во Горно Врановци заборавени од државниот врв, за 31 година самостојност не дошол ниту еден премиер или претседател (фото и видео)

Во селото има пет спомен кучи, каде есента 1944 престојувала извршната и законодавна власт на тогашната Федерална Демократска Македонија

Петар Печков

За 38 години постоење на спомен куќите од НОБ во историското село Горно Врановци, велешко, таму не стапнал, ниту ги посетил претставник на државниот врв на Македонија. Ниту претседател на државата, ниту премиер. 

„Спомен куќите не се посетени ниту од премиер, ниту од претседател на државата за овие 31години самостојна држава,ниту од некој претставник на власта претходно во рамките на СФРЈ, иако може да се каже дека Горно Врановци е првата престолнина на Македонија години. Тука имаат единствено  дојдено Владо Бучковски  како министер за одбрана и Ирена Стефковска како министер за култура“ - кажа Марин Клифов  од Народниот музеј во Велес до неодамна раководител на овие спомен куќи а сега во пензија.  

Тој се потсетува дека на отворањето кое се случило на 11 октомври 1984-та  бил Лазар Мојсов, член на претседателството на СФРЈ и генерал Михајло Апостолски а имало околу 20 илјади гости.

Во селото Горно Врановци, велешко,  од средината на септември до крајот на ноември  1944 година, се  наоѓала извршната и законодавна власт на тогашната Федерална Демократска Македонија, Предизудмот  на НОВ, ЦК на КПМ, главниот штаб на НОБ, раководството на ОЗНА и печатницата  Гоце Делчев  каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“. Тоа се и петте спомен куќи. Но освен државниот врв, тие се малку посетувани  и од посетители.

Причина за тоа што од 2005-та се затвори хотелот „Горно Врановци“ па така гостите нема каде да престојуваат и одморат.  

Четири од спомен куќите се во сопственост на Народниот музеј од Велес, за кои се грижи и вработено лице. Куќата каде била сместена ОЗНА е во сопственост на МВР и таа е во лоша состојба.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »