речник контакт

Споменикот на 53- стрелани и натаму искршен и заборавен

Споменикот беше искршен, а лани летото и оградата беше украдена, но сторителите не се познати

Петар Печков

Веќе четири години спомен - обележјето подигнато од блиските на 53-цата стрелани велешани стои искршено и уништено на градските гробишта во црквата „Св. Спас“. Споменикот беше искршен, а лани летото и оградата беше украдена, но сторителите не се познати. 

Борис Поп Ѓорчев, син на  докторот Богдан Поп Ѓорчев кој е еден од ликвидираните, сам остана да ја бара правдината и да реагира на сегашната состојба на гробот и споменикот. Локалните власти, од кои се бара споменикот да се санира, велат дека тоа треба писмено да се побара, објаснуваат дека досега за овие години никој не се јавил од страна на семејствата со официјално барање за идејно решение или за финансиска поддршка при изградбата на споменикот.

 За сите изминати години имаме само јавна прозивка тоа да се санира, а никој од блиските на стреланите не дошол со некаков писмен документ што всушност тие бараат. Гробното место е приватна сопственост и за да може да се работи што било, потребна е дозвола од наследниците, што за волја на вистината и сами го заборавија ова место. Потоа по такво нешто би постапил Советот на општината, кој би донел одлука за доделување средства, но за однапред позната работа и проект, не без намена – велат од Општина Велес.

Случајот со 53-цата велешани, што беа најсвирепо убиени на 15 јануари 1945 година, и натаму е без правен епилог и покрај настојувањата на Поп Ѓорчев да докаже дека тие се егзекутирани без судски процес. Освен ова настојувања да се докаже дека наводната судска пресуда, која носи датум 18 јануари, е антидатирана и напишана подоцна, по масовното убиство, с` уште останува без резултат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »