речник контакт

Спорен записник

Републичкиот Судски Совет отвори случај за предметот за нарачаното убиство во селото Ореше и работата на судијата Валентин Зафиров, откако во печатен медум е излезена фотографија од исказ на зашитетен сведок и пробиен е неговиот идентитет.

Петар Печков

\"\"Републичкиот Судски Совет отвори случај за предметот за нарачаното убиство во селото Ореше и работата на судијата Валентин Зафиров, откако во печатен медум е излезена фотографија од исказ на заштетен сведок и пробиен е неговиот идентитет. Судијата Валентин Зафиров смета дека не е повредено правото што предметот за осомничените за убиството бил излезен од судот. Но реагира на незаконската постапка на неговите колеги, кои наместо да го почитуваат законот, го кршат.

- За мене не претставува повреда на правото самото излегување на тој спис, доколку и јас сум го дал предметот  а не се сеќавам дека сум го дал. Тоа не е ништо. Овие изјави од сведоците се даваат на адвокатите, кои за квалитетна одбрана на нејзините клиенти мора да ја имаат. Но   не смеат да излезат во јавноста, дали тоа одбраната го дала , ако го имала, тоа не знам. Инаку бранителите на обвинетите би требало да ги бараат заради квалитетна одбрана – изјави Валентин Зафиров судија во Основниот суд во Велес. Тој посочи дека   предметот се чувал кај него, бидејќи немало место во кривично оддление а пристап имавале тој, неговиот технички секретар, и подоцна откако се решавало по жалба на решение за притвор, одговорниот работник во одделение и Кривичен Совет на Основен суд Велес. Од каде е излезена фотографијата од сведочењето на заштитениот сведок незнае.

- Доколку се случило да во јавноста протечат информации од истрагата, посебно тоа да се фотографии, се знае која е легалната процедура како се постапува. Се земаат изјави од судијата кој го работи предметот, па ако не се задоволни се поведува постапка, овде тоа не е случај – вели Зафиров. Тој реагира што изминатите две седмици, двјацата осомничени за убиството во село Ореше, противправно се лишени од слобода, бидејќи предметот 288/08 му е одземен без за тоа да биде известан. Во овој период, како што рече според правото тој е,,господар на предметот,, но не го владее, а со тоа плаќаат осомничените. Откако тој на 5-ти декември констатирал дека му го нема, реагирал до претседателот на Основниот суд во Велес, кој писмено го известил дека по барање на Претседателот на Републичкиот судски совет, предметот му е одземен.

- Во судството не постои препорака како што ми е пренесено да не работам на овој предмет, ние не работиме така, туку по закон.  Ако претседателот на РСС незаконски постапува, останатие 14 членови нека се произнесат дали е законски, доколку навистина по негово барање е одземен предметот. Лошо е кога се шетаат списи во кои фигурира заштитен  а сега загрозен сведок. Тој што го прави ова треба да си оди. . И власта и опозиција вршат притисок, наше е да се спротивставиме а прво да расчистиме во сопствените редови. Реагирам проади заштита на законитоста на тие што треба да ја почитуваат – вели Зафиров. Тој не стравува доколку РСС го разреши, бидејќи вели дека ќе замине во адвокати. Подоцна откако доби писмено известување од РСС за отварање на овој случај, судијата Зафиров откако претходно тврдеше дека нема политичка заднина, го промени ставот дека па сега некој сака политички да делува со но и  да ги ослободи притворените за кој сметаше дека против правно се држат во притвор.

Истрагата за предметот убиство во Ореше, ќе ја продолжи друг судија од велешкиот суд, но не се соопштува кој. Во меѓувреме, Кривичниот судски совет од Основниот суд во Велес им го продолжи притворот на браќата Орце и Љупчо Ѓоргевски, кои се осомничени дека на 2 декември 2005 година го убиле Лазо Милошевски од селото Ореше, Велешко, додека тој подготвувал вечера. Полицијата смета дека зад ова убиство стои Ѓоре Петровски, кој живее во САД и дека поради одмазда го нарачал за сума од 50 илјади долари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »