речник контакт

Спортист на Велес за 2012 е Зоран Димов

Димов е атлетичар а зад него беа кајакарот Игор Стефановски и мотористот Драган Ванов. Екипа на годината е ККК Вардар а тренер Димче Стефановски. Зошто беа заборавени и не беа повикани велешките спортски ветерани

Петар Печков

По 53-ти пат, Сојузот на спортови на Велс ги избра најдобрите спортисти на градо за годината што изминува.

Според постигнатите резултати за 2012-та година спортист на Велес е Зоран Димов атлетичар на АК Изгрев. На меѓународниот ултра маратон  во Белград за 12 часа    истрча 130 км беше прв, прв и во Подгорица.
 Втор е Игор Стефановски кајакар на ККК Вардар, трет Драган Ванов моторист на Мото клуб Велес, државен првак во класата ендуро 250цм.

Четврта беше Клементина Војдиновска, каратистка, петти Костадин Петров велосипедист, шести  Ѓоре Стојанов кикбоксер, седми Тодорче Ѓоргиев планинар, осми Горан Тасиќ моторист на Мото клуб Велес, деветта Тијана Митева кендо борец и десетти е Милан Тодоровски фудбалер на ФК Борец.

Во екипна конкуренција  првото место го освои Кајак кану клуб Вардар, втор е Мото клуб Велес а трет е стрелечкиот клуб Велес.

За тренер на годината беше прогласен Димче Стефановски од ККК Вардар. Признанија добија  судиите  Орданче Амбарков одбојкарски судија, Раде Стефановски будо европски судија,  Горан Мишков меѓународен судија во велосипедизам,

И за однесувањето на дел од спортистите. Ако Европа му се смееше на Роналдо кога примаше награда оти жвакал мастика, на оваа свеченост дел од гостите  беа во таков растеглив елемент, им фалеше уште балончиња  на сцената да дујат.

 А стигнаа и првите реакции од спортисите ветерани, кои беа заборавени да бидат поканети на свеченоста. Некогашните фудбалери, кошаркари, одбојкари, ракометари велат дека чудно е што Сојузот на спортови ги заборавил да ги покани да ја  следат манифестацијата иако тие се дел од велешката спортска историја и  ги создаваа екипите и резултатите.  Вака салата ,,Бели мгури,,  изгледаше како да присуствува човек на тинејџерска забава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »