речник контакт

Спортската сала доби сончеви колектори

Поставени се 15 сончеви панели и три бојлери со 1.500 литри кои наместо со струја ќе се загреваат со сончева енергија

Петар Печков

Како дел од проектот „Од еко сончева акција до спортска енергија“спортската сала „Гемиџии“ во Велес доби на користење сончевиот систем за затоплување вода.
Проектот е финансиран од Глобален Еколошки Фонд, програма за мали грантови, од страна на Здружението „Велес Фест“, а реализацијата е поддржана од Општина Велес и „Леов Компани“.

Претставникот на Глобалниот Еколошки Фонд, Програма за мали грантови, Златко Самарџиев изјави дека условот за тие да инвестираат, е материјалните придобивки во иднина да се реинвестираат во областа на животната средина на локално ниво.

Поставени се 15 сончеви панели и три бојлери со 1.500 литри кои се доволни за салата „Гемиџии“. Директорот на ЈПССО Парк Спорт, Александар Табаков изрази благодарност до реализаторите на проектот.

Топлата санитарна вода за ваков тип на објекти претставува основно средство за работа. Ова е стратешки приоритет за салата. Она што салата го добива со реализацијата на овој проект е повеќекратно,  кога би се ставило во анализа со финансиските средства  одвоени за трошоците за електрична енергија. И понатаму ќе се ангажираме за реализирање на ваков тип на проекти.  рече Табаков. Заштедените средства со трошењето на  топла вода од колекторите, ќе се враќаат преку  други инвестиции во самиот објект.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »