речник контакт

Спортски викенд, пораз до пораз, за велешките екипи

Настапија фудбалерките, фудбалерите на ФК Превалец и ФК Локомотива, двете ракометни екипи, кошарките на КК Борец баскет

Петар Печков

По паузата поради настапите  на младата македонска фудбалска репрезентација, девојки до 17 години, продолжија натпреварите од Првата женска фудбалска лига. Во шестото коло во Cтруга, велешки ЖФК Борец загуби со 8:0 и останува последно пласиран без освоен бод.

Во Првата одбојкарска лига, екипата на ГОК Борец ова коло беше слободна, следното игра со екипата на Сушево, дома, во салата Гемиџии.

Порази забележаа и двете екипи од ОФС Велес во Третата лига Југ. Во средбата на двете екипи соседи на  табелата, кои имаа по 19 бода, во Крушево, ФК Превалец загуби со 2:0 од ФК Питу Гули. По ова коло превалчани паднаа за две места и сега се 4-ти. ФК Локомотива во Градско , во соседското дерби, загуби со 0:1 од лидерот ФК Вардар од Неготино.  Локосите остануваат на долниот дел од табелата, со 8 бода и се 9-ти.

Во следното претпоследно есенско коло, 10 по ред. ФК Превалец игра дома со ФК Росоман кој е  сосед на табелата 5-ти, додека ФК Локомотива гостува во прилепско Големо Коњари, кај истоимената екипа, која е 2 пласирана со 22 бода.  

Викендот се играа и натпреварите од Првата ракометна лига, седмо коло, и двете велешки екипи, кои играат со млади состави,забележаа порази од лидерите на табелите и останвуаат последни на табелите без освоен бод. Во групата „А“ РК Бисинов загуби дома од РК Мулти есенс со 16:40 (11:18). Во следното коло гостуваат во Кичево, кај истоимената екипа, која е 6-та со по три победи и порази. Во групата „Б“ МРК Борец гостуваше во Скопје кај екипата на  РК Аеродром и загуби со 55:15 (26:7). Во следниот коло играат дома со РК Голден арт КЛ7, кој е трет со пет победи и еден пораз.

Во третото коло од Втората кошаркарска лига, КК Борец баскет,  играше дома со КК Ангели и  загуби со 51:78. Ова е трет пораз за подмладената велешка екипа.  Во следното коло  игра во Охрид против екипата на ГKK Охрид – Борец Баскет.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »